Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Непријатно изненадување од сопругата за Антонио Касано

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано беше непријатно изненаден од сопругата Каролина Марчалис. Додека тој се одмараше во дворот, таа реши од прозорот да истури вода врз него. Касано скокна не знаејќи што се случува.

Од видеото може да се забележи дека поранешниот фудбалер на Рома, Реал Мадрид, Милан и Интер не ја прифати најдобро шегата.