Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Несреќа каква што немате видено на Тур де Франс: Велосипедистот одлета во провалија

Овогодишниот Тур де Франс се ближи кон крајот, па така се повеќе велосипедисти се одлучуваат на поголем ризик.

Некогаш тоа и не испаѓа онака како што замислуваат, па завршуваат како што заврши Филип Жилберт.

Тој при голема брзина влезе во една остра кривина и не успеа да излезе, па одлета во провалија од која, за среќа се извлече жив и здрав.

Веднаш се врати на стазата и седна на својот велосипед и продолжи да вози.