Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Неверојатна глетка, лекарите кои се борат со Ковид-19 ја пееле химната на Ливерпул, Јурген Клоп плачел

Целиот свет е погоден со Ковид-19. Драматични се бројките и во Англија. Се појави едно неверојатно видео во кое службениците на Брзата помош од едната страна на вратата, а лекарите кои директно се борат со вирусот од другата страна и ја пејат добро познатата песна ‘You’ll Never Walk Alone’, која претставува химна на англискиот тим Ливерпул.

Кога го видел сето ова тренерот на Ливерпул, Јурген Клоп плачел.

-Мојот англиски не е толку добар за да се изразам на вистинскиот начин. Ова е навистина сјајно. Мислам дека вчера ми го испратија видеото од медицинските работници од болница која е во близина на оделот за интензивна нега. Кога го видов видеото заплакав во истиот момент. Тоа е неверојатно, тоа покажува дека овие луѓе не само што работат без престан, туку дека имаат и силен дух, вели Клоп.

Клоп воедно изјави дека никој не знае кога ќе продолжи сезоната во која неговиот тим има огромна предност и доколку се одиграа барем уште два-три меча, Ливерпул уште сега ќе ја освоеше титулата.