Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Никогаш го немаме видено Ибрахимовиќ вака тажен и разочаран

Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа беа поразени во неверојатниот натпревар од Хјустон Динамо со 3:2, по што останаа без пласман во плеј-оф.

Галакси во синоќешниот натпревар требаше да победи за да се пробие до осмото место кое води во бараж, но после шокантниот пресврт беа поразени. Домаќините по првото полувреме водеше со 2:0 и полека ја славеа победата, но Хјустон во продолжение на натпреварот направи пресврт и победи со 3:2.

Фудбалерите на Галакси по завршувањето на натпреварот беа во шок затоа што едноставно не веруваа дека го испуштија водството од 2:0. Посебно разочаран беше Златан Ибрахимовиќ кој го препороде овој тим со своето доаѓање. Сепак, на крајот ниту тој не можеше да помогне за да се избегне катастрофата.

По натпреварот Ибрахимовиќ беше видно разочаран од резултатот, па само седеше на клупата за резерви и гледаше во подот. Ибра во оваа сезона одигра 27 натпревари во МЛС и постигна дури 22 голови и седум асистенции.