Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Ниту 51 поен на Харден не го спасија Хјустон од пораз

Џејмс Харден одигра уште еден одличен натпревар, но и покрај 51 постигнат поен и деветте негови скока, Хјустон Рокетс го загуби натпреварот од Лос Анџелес Лејкерс одигран ноќеска во „Тојота Центар“ со резултат 122:116.

Во победничкиот тим се истакна Кајл Кузма со 38 поени, при тоа оствари седум скока и четири асистенции.

За Лејкерс ова беше 11. победа во 29. натпревар, додека Хјустон е лидер во Западната конференција од НБА лигата со 25 победи и само пет порази.