Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ниту глумата, ниту поништениот гол на Кавани не помогна на Тотенхем, Јунајтед го доби дербито со пресврт

Каков само меч одигра Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Тотенхем во дербито на колото каде славеше со 3:1. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Единсон Кавани, но неколку секунди подоцна судијата го поништи голот по ВАР снимката, откако виде дека МекТоминај со рака го удри Сон во лицето. Мора да се признае дека имаше и добра глума од фудбалерот на Тотенхем.

Токму тој потоа со гол во 40-та минута му донесе предност на Тотенхем од 1:0. Овој резултат беше актуелен се до 57-ма минута кога Фред погоди за израмнување. Токму Единсон Кавани на кого му беше поништен гол, во 79-тата минута погоди за водство и пресврт во корист на „Црвените ѓаволи“.

Победата на Манчестер Јунајтед ја потврди Гринвуд со гол во шестата минута од судиското продолжение од мечот.

Јунајтед е втор на табелата со 63 бодови, 11 помалку од лидерот Манчестер Сити. Тотенхем остана на седмото место со 49 бодови, а се чини ако вака продолжи тимот на Жозе Мурињо ниту Лига Европа следната сезона нема да игра.