Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ниту коментаторот не можел да поверува што гледа – Цел свет зборува голот на Максимовиќ!

Вчера Војводина на домашен терен го победи Напредак со 2:0 во првото коло од плеј-офот за српскиот шампион.

Војводина успеа да дојде до три бода на домашен терен, а домашните успеаја да го свртат натпреварот во своја корист во самиот финиш од натпреварот.

Домашните поведоа во 76. минута кога на сцена стапи Новица Максимовиќ, постигнувајќи го веројатно најубавиот гол сезонава во српската Суперлига.

По прекинот, со волеј од некои 25 метри, Максимовиќ постигна неверојатен гол за 1:0, а неговите соиграчи не можеа да поверуваат каков гол гледаат.

За каква мајсторија се работи говори и тоа што многу европски медиуми пишуваат за магијата на играчите на Војводина, а голот на Максимовиќ стана хит на социјалните мрежи.

На овој натпревар се беше решено во четвртата минута од продолжението кога Мршиќ си постигна автогол и со тоа ги постави конечните 2:0 за Војводина.