Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ниту во затвор не може без фудбалска топка, Роналдињо си најде занимација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Роналдиљо, пред 25 дена е уапсен во Парагвај откако е обвинет дека користел лажен пасош.

За време на претстојот во затворот, се појавуваат видеа, а фановите сакаат да видат како го поминува времето таму.

Најновото видео покажува дека не може без фудбалската топка, а се гледа како игра „фудбалска одбојка“. Како и на фудбалскиот терен, така и во затворот Роналдињо е вистинска атракција и ѕвезда, но сепак околностите се далеку поинакви отколку на слобода.