Фудбал
ВИДЕО: Нов пехар за Гвардиола, Манчестер Сити на „Вембли“ го совлада Тотенхем , се вратија и навивачите, се врати и убавината на фудбалот
Манчестер Сити го совлада Тотенхем во Лига Купот, па така Пеп Гвардиола си стави уште еден пехар во своите витрини. На Тотенхем не му помогна ниту тоа што го сменија Мурињо. Сити славеше со 1:0. До победничкиот гол дојде во 82-та минута. Де Брујн центрираше од прекин, а највисок во казнениот простор беше Лапорте кој со одличен удар со глава ја затресе мрежата на Тотенхем.
Со оглед на тоа дека играат во полуфиналето во ЛШ, но и се на чекор до шампионската титула, се чини дека за Манчестер Сити ова би можело да биде сезона од соништата.
Иако бројот беше редуциран, сепак на „Вембли“ имаше навивачи. Веднаш сликата и атмосферата е поинаква, се врати и убавивата на фудбалот.