Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Обожавател број еден: Меси се потпиша на огромна тетоважа од себе

Неколку навивачи и обожаватели, на кратко имаа шанса да добијат автограм и да се сликаат со својот херој Лионел Меси, но еден посебно се истакна.

Имено, еден од навивачите го замоли Меси да му се потпише на грбот и тоа на огромна тетоважа на која беше токму Лионел Меси.

Меси не можеше да одбие, а не ни се сомневаме дека неговиот автограм ќе послужи како шаблон за овој навивач, неговиот потпис да го овековечи со тетоважа.