Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Од клупата директно во гол – Мбапе го замолче „Велодром“

Килијан Мбапе уште еднаш ја покажа својата супериорна брзина и фантастична контрола на топката, откако го постигна првиот гол на „жестокото“ француско дерби помеѓу Марсеј и Пари Сен-Жермен, предводејќи ги „светците“ до 2:0 победа, нивна 11-та во 11 натпревари во Лига 1.

Мечот беше одбележан со низа инциденти кои се случија во француското пристаниште пред стартот на фудбалската пресметка, а на теренот ПСЖ се мачеше да го скрши отпорот на домаќините сѐ до 65. минута, кога Мбапе, кој влезе во игра само три минути претходно, доби одлична топка од Анхел ди Марија со неверојатен спринт го совлада и дефанзивецот и голманот Манданда. Кога мечот веќе беше „готов“, Јулијан Дракслер во 95. минута ги постави конечните 0:2.

По 11 кола, ПСЖ се совршени со 11 победи, 33 поени, гол-разлика од 38:6 и осум поени пред второпласираниот Лил, додека Марсеј се на 5. место со 19 поени.

ЛИГА 1, 11.КОЛО

Рен – Ремс 0:2

Бордо – Ница 0:1

Марсеј – Пари Сен-Жермен 0:1