Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Одличен натпревар во Сингапур и победа на ПСЖ над Атлетико

Во Сингапур денеска е одигран натпреварот помеѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид во рамките на Интернационалниот Куп на Шампионите, а француската екипа запиша победа со резултат 3:2.

И двете екипи, очекувано, настапија со доста измешани состави, а после првото полувреме резултатот беше 1:0. Голот го постигна Нкунку во 32. минута.

Други поголеми шанси немаше се до финишот на натпреварот, кога следуваше дожд од голови, па во 71. минута Диаби погоди за водство на ПСЖ од 2:0. Четири минути подоцна Виктор Молејо намали на 2:1, а во 86. минута Бернеде со автогол му донесе изедначување на Атлетико.

Кога се очекуваше последниот судиски свиреж, Постолачи во втората минута од судиското надополнување погоди за победа на ПСЖ од 3:2.