Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Оклахома ја прекина серијата од три порази со победа над Минесота

По трите врзани порази, екипата на Оклахома конечно им се врати на победите, откако на домашен терен со минимални 111-107 славеше над Минесота. Вестбрук не беше на потребното ниво и постигна само 15 поени, но затоа во елемент беа Џорџ и Адамс кои заедно постигнаа повеќе од половина поени за својот тим. Американецот запиша 36, додека Адамс надополна со 27.