Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ова ретко се гледа – Клас-Јан Хунтелар е „посилен“ и од ВАР

Искусниот холандски напаѓач Клас-Јан Хунтелар (35) одлично ја започна новата сезона и по се изгледа дека во Ајакс ја доживува втората младост.

На десет одиграни натпревари во Холандија и во квалификациите за Лигата на шампионите, Хунтелар постигна осум голови и постигна една асистенција со што потврди дека класата, едноставно е вечна.

Неговиот Ајакс гостуваше кај Витесе во рамките на 4. коло во холандското првенство и славеше со убедливи 4:0, а натпреварот го одбележа Хунтелар кој постигна два гола.

Посебно е интересен оној во 58. минута, со оглед на тоа што е постигна само по 30. секунди откако му беше поништен претходниот.

Имено, Хунтелар при резултат од 3:0 постигна гол кој беше поништен со помош на ВАР поради офсајд, а само што продолжи играта, постигна скоро идентичен гол кој овој пат беше регуларен.