Фудбал
ВИДЕО: Пелистер со гол во 91. до значајни три бода за опстанок
Вардар загуби со 3:2 на денешниот меч со Пелистер во дербито на Македонија. Во интересен и возбудлив натпревар во кој што Вардар два пати имаше водство, на крајот во последните минути го загуби дербито. Вардарци имаа прво 1:0, па потоа и 2:1, за Пелистер во вториот дел да направи пресврт, а патем не реализираше и удар од белата точка. „Црвено-црните“ испуштија неколку шанси за водство, а потоа беа „казнети“ со погодок во судиското надополнување.
Првата шанса на мечот дојде во 3. минута кога Цветановски шутираше од 15-16 метри само над голот на противникот. Три минути подоцна обид и на Бесар Исени од дваесетина метри одкосо, овој пат целта е погодена, меѓутоа голманот Атанасовски одбрани.
Водството на Вардар дојде во 7. минута. Попов од сопствената половина со долга топка го проигра Максимов на левата страна, овој со додавање по земја го проигра Барсегјан кој од прва погоди во голот на Пелистер.
Пелистер ја имаше најголемата шанса пет минути подоцна откако беше досуден пенал по играта со рака во шеснаесетникот по шутот на Наумоски. Во 13. минута Трифуновски прецизно го изведе ударот од белата точка и погоди во мрежата за израмнување на резултатот.
Вардар се обиде да врати во 30. минута со ударот на Хамбарџумјан од далечина кој заврши само над голот. Во 40. минута одбрана на Алексовски по шутот на Петар Љамчевски. Вардар последната шанса за водство во првиот дел ја пропушти последната прилика за ново водство. Нафрлената топка од Цветановски со глава ја зафати Барсегјан, но таа оди по средината од голот, и право во рацете на Атанасовски.
Вардар беше решен да дојде до ново водство. Затоа веднаш по стартот на вториот дел, во 47. минута шанса за Цветановски кој од добра позиција шутираше само над голот. Во 53. минута од десната страна изненадувачки Хамбарџумјан упати директен удар кон голот на Пелистер, меѓутоа Атанасовски стигна и успеа да одбрани.
Иницијативата на Вардар донесе водство во 60. минута. Две миути подоцна беше досуден пенал откако врз Хамбарџумјан во шеснаесетникот стартуваше Ристевски. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше нововлезениот Блажевски кој што ги донесе „црвено-црните“ во ново, второ водство на Вардар на овој натпревар.
Пелистер израмни на 2:2 во 69. минута. Долга топка упатена до Коњарски кој што излезе сам на 30 метри, во пресрет му стигна и голманот Алексовски, но играчот на Пелистер беше побрз, и ја упати топката во празната мрежа од голот на Вардар, и Пелистер по втор пат дојде до израмнување, иако позицијата на стрелецот беше сомнителна.
Во 74. минута шанса за Пелистер преку Трифуновски да дојде до прво водство откако беше досуден пенал а битолскиот тим по стартот на Тодороски врз Наумоски. Трифуновски шутираше, меѓутоа феноменално интервенираше Алексовски. Во продолжението на акцијата Трифуновски и со глава се обиде, меѓутоа одново голман на Вардар уште еднаш одлично одбрани.
Веднаш на другата страна одлична позиција за гол на Исени кој што од десетина метри имаше пред себе празен простор, но голманот Атанасовски успеа да одбрани во корнер. Во 79. минута уште една шанса за Вардар. Глигоров одлично го проигра Блажевски кој што на лево го проигра Блажевски, меѓутоа шутот оди само над голот.
Во 82. минута поради повреда, мораше теренот да го напушти Евгениј Новак, а претходно Вардар ги имаше направено трите замени, со што Вардар мораше да игра со играч помалку во финишот од средбата.
Меѓутоа и во една таква ситуација Вардар имаше шанса за победа во 90. минута по обидот на Цветановски кој отиде крај голот. Пелистер на крајот дојде до триумфот. По акција на битолските играчи во која двајца играчи излегоа сами пред Алексовски, а Наумоски реализира за водство на гостите и за триумф од овој натпревар.