Фудбал
ВИДЕО: Пике се појави на тренинг со велосипед кој чини 10.000 евра
Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике на тренингот на „Каталонскиот“ клуб пристигна со електричен велосипед и сега се подготвува за живот без возачка.
Пике во петокот имаше проблем во сообраќајот откако полицијата го застана и утврди дека неговата возачка одамна е истечена. Играчот на Барселона веројатно ќе биде жестоко казнет и најверојатно шест месеци ќе остане без возачка.
Меѓутоа, тоа за играчот на Барселона не би требало да би проблем, а тоа го покажа и на дело кога со електричниот велосипед се појави на тренинг. Фотографите успеаа да го снимаат Пике низ улиците на Барселона додека одеше на тренинг, а електричниот велосипед го чинел 10.000 евра.
Пике очигледно не сакал да се штеди кога станува збор за овој велосипед, кој веќе некое време е во негова сопственост. Електричниот велосипед може да достигне брзина од 85 km/h.
https://twitter.com/sportsport/status/1036916455680495616