Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По 3 бода и за Шкупи и за Работнички

Екипата на Шкупи издвојува победа од 3:0 на домашен терен против Ренова.

Резултатот беше отворен во 31. минута кога Стојкоски беше прецизен и му донесе водство на Шкупи од 1:0. Со овој резултат двете екипи отидоа на пауза.

На самиот крај на натпреварот домаќинот постигна уште два гола. Во 86. минута Илијоски го зголемува водството на 2:0 за Шкупи, а три минути подоцна, односно во 89. минута Адем постигнува гол за 3:0 и става точка на натпреварот.

Работнички му гостуваше на Академија Пандев во пресрет на 34. коло од ПМФЛ. Гостите дојдоа до трите бода со голот на Кофи во 87. минута од натпреварот.

Работнички со оваа победа остана а 3. позиција на табелата со 48 освоени бодови, а Шкупи е на 5. Позиција со 45 освоени бодови.