Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По 392 дена Азар постигна гол и тоа прекрасен, го зема мобилниот и испрати порака до навивачите

Еден Азар се врати на теренот по повредата. Постигна прекрасен гол од далечина против Хуеска за 2:0, меч кој Реал Мадрид го доби со 4:1.  По мечот Азар го зема телефонот и сними порака за навивачите.

-Поздрав дечки. Драго ми е што се вратив на теренот и постигнав убав гол. Се надевам дека ќе се видиме наскоро, порача Азар.

Инаку, ова е прв гол на Азар по пауза од 392 дена за Реал Мадрид. Тој пристигна од Челзи за сума од 100 милиони евра. Претходно постигнал само уште еден.