Фудбал
ВИДЕО: Португалски гигант сериозно заинтересиран за Елиф Елмас, но дали Наполи ќе се раздели со него?!
Португалскиот гигант Бенфика е сериозно заинтересиран за македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас. Ова беше откриено во популарната емисија на „ТВИ24“ која обработува теми од фудбалот и секако анализи. Како што беше потенцирано, Бенфика сака во јануари да го донесе на позајмица, а потоа да го откупи неговиот договор.
Сепак, се поставува прашањето дали Наполи ќе се одлучи да го пушти македонскиот репрезентативец, особено ако се знае дека тој во август месец потпиша нов договор со италијанскиот тим со кој се обврзува да остане во клубот до 2025-та година. Сепак, ова не мора ништо да значи, доколку се разбира Наполи добие примамлива понуда.
Моменталната пазарна цена на 21-годишниот играч за врска е 18 милиони, а во јули 2019-та тој од Фенербахче се пресели во Наполи за нешто повеќе од 16 милиони евра.
Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.