Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Потегот на Мане е главна тема по мечот во Лисабон

Колумбискиот напаѓач Луис Дијаз се покажа како големо засилување за Ливерпул.

На синоќешниот дуел од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Бенфика, Дијаз го постигна третиот гол за Црвените за 1:3 и со тоа обезбеди помирен реванш за својот тим на Енфилд.

На Дијаз не му требаше многу време за да се прилагоди во Ливерпул, а се чини дека соиграчите во соблекувалната го прифатија на најдобар можен начин.

Сликата од микс зоната на стадионот најдобро ја покажа атмосферата во соблекувалната на црвените.

Додека Дијаз даваше изјава за медиумите, Мане го прекина и го прегрна и на тој начин сакаше јавно да му се заблагодари за одличната забава.

Дијаз беше прогласен и за играч на натпреварот на дуелот против Бенфика, а од доаѓањето од Порто веќе има постигнато три гола за Ливерпул.

Се чини дека Клоп и овојпат имаше полн погодок кога е трансфер во прашање.