Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Предизвикот не успеа, извини душо! Наместо тоалетната, го погоди лицето на сопругата

Дефанзивецот на турскиот тим Кајзериспор, Диего Анџело, кој како и многумина спортисти и фудбалери, поради пандемијата со коронавирусот, деновите ги поминува во самоизолација, се обиде да направи видео за да ја покаже својата прецизност.

Но, работите не излегоа како што сака.

Времето го поминува со неговата сопруга  Изис Анџело во неговиот дом, која се обиде да му асистира при правењето на видеото.

Стави ролна тоалет папир на главата,  а Анџело требаше да ја погоди со топка. Но, наместо во ролната, топката заврши во лицето на неговата сопруга.

Сепак, фудбалерот го објави видеото на Инстаграм и напиша:

-Предизвикот не успеа. Никогаш не го пробувајте ова дома, ако сте дефанзивец. Извини душо!