Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Преку ноќ му се променил животот бидејќи личи на Мбапе

Ова 28-годишно момче преку ноќ стана сензација на социјалните мрежи бидејќи личи на младиот напаѓач на ПСЖ Килијан Мбапе. МекФи откри дека сличноста ја откриле неговите другари пред две години, а дека тој никогаш тоа не го забележал.

Како што вели, многумина на улица се фотографирале со него мислејќи дека е Мбапе.

-Секојдневно ме сопираат луѓе на улица и бараат да им го потпишам дресот, топката, дури еднаш се потпишав на велосипед. За мене тоа е забава, ако можам да усреќам некого само затоа што личам на Мбапе, тогаш тоа навистина е одлучно. Животот поради ова ми се промени, а уживам во тоа, вели МекФи.

Сепак, тој има една мана, фудбалските способности му се далеку послаби од оние на Мбапе. Свесен е за тоа, па избегнува да ги покажува своите „вештини“.