Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пробиена одбраната, прекрасен гол на Милик – Македонија поразена од Полска со 2:0

Репрезентацијата на Македонија денеска беше поразена од репрезентацијата на Полска. Домаќинот ја оправда улогата на фаворит и издвојува победа од 2:0.

Нашата репрезентација одигра квалитетно прво полувреме. Полска создаде неколку опасни шанси за гол, но сепак не ја затресе мрежата на нашата репрезентација.

И нашите репрезентативци упатија неколку шутеви кон голот на Полска. Алиоски од слободен удар се обиде да ја затресе мрежата на Полска, но тој удар успеа да го скроти Шчесни.

Во второто полувреме Полска покажа значително подобра игра. Репрезентативците на Македонија не успеаа да го издржат притисокот на домаќинот.

Во рок од шест минути падна одбраната на нашата репрезентација. Полска два пати ја затресе мрежата на нашиот гол. Првиот го постигна резервистот Франковски во 74. минута од натпреварот.

Автор на, вториот гол беше Милик кој во 80.минута од натпреварот го зголеми водството на 2:0.

https://twitter.com/Dokturka25/status/1183479534781435905

Во нашата група Полска останува лидер на табелата со 19 освоени бодови, втора е репрезентацијата на Австрија со 16 освоени бодови, 11 бодови имаа Македонија и Словенија, на петтата позиција е Израел со 8 освоени бодови, а последна е Литванија која нема ниту еден освоен бод.