Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Промашувањето на Халанд против Ливерпул го обиколи светот

Во јубилејното 100. издание на Комјунити Шилд, Ливерпул го победи Манчестер Сити со 3:1 и со тоа стигна до првиот трофеј во сезоната 2022/23.

Натпреварот се одигра на стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер, а го одбележа мајсторијата на Трент Александер Арнолд во 21. минута. Забележани беа и првенците на два дебитанди, по еден на двете страни – Џулијан Алварез кај Сити за 1:1 во 70. минута, Дарвин Нуњез кај црвените во 90. минута за 3:1. Стрелец беше и Мо Салах од пенал за Ливерпул.

Токму кон овие млади и талентирани напаѓачи беше насочен цел свет, особено затоа што пристигнаа ова лето. Секако, од Ерлинг Халнд се очекуваше многу, но Норвежанецот не беше на претпознатливото ниво.

Иако цел натпревар беше на теренот, имаше две промашувања, а особено она во судиското надополнување, кога промаши празен гол од само неколку метри.

На Халанд не му е непознато промашувањето шутеви, но нема сомнеж дека ќе погоди кога ќе им биде најпотребно на граѓаните и дека ќе ги исполни своите очекувања во наредниот период, иако денеска можеше да се почувствува дека е под некаков притисок.