Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Прв пораз за Валенсија

Во Шпанското фудбалско првенство викендов на програмата се натпреварите од 14. коло кое се покажа како несреќно за Валенсија која го доживеа првиот сезонски пораз.

„Лилјаците“ загубија на гостувањето кај Хетафе со 1:0, иако од 25.минута играа со фудбалер повеќе поради исклучувањето на Арамбари.

Победничкиот погодок за домаќините беше дело на Бергара во 66. минута.

Во Примера само уште две екипи се непоразени. Лидерот Барселона и третопласираниот Атлетико Мадрид.

Валенсија по 14. рунди е на 2.место со 31 бод, пет помалку од Барселона.