Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Публиката во Дубаи на неверојатен начин го пречека Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ конечно се врати на теренот, а синоќа играше во првото коло на АТП турнирот во Дубаи.

Ѓоковиќ играше против италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети и без поголеми проблеми го совлада со 6:3, 6:3 и со тоа се пласираше во второто коло на овој турнир.

Српскиот тенисер покажа колку го сака тенисот по целата драма што се одвиваше во Мелбурн околу Австралија опен, каде на крајот доби забрана за настап.

Ѓоковиќ беше прилично изненаден кога излезе на теренот, бидејќи публиката во Дубаи го пречека на навистина фантастичен начин.

Кога најавувачот го најави неговото појавување на теренот, публиката со ентузијазам го дочека, а и по натпреварот самиот Ѓоковиќ изјави дека не може да очекува подобар пречек, а дел од атмосферата објави и на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tennis TV (@tennistv)