Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реакцијата на Милнер доволно кажа за играта на Ливерпул

Ливерпул го декласираше Манчестер Јунајтед со 4:0 во дербито во Премиершип.

Вториот гол за „црвените“ го постигна Мохамед Салах по блескавата акција на Ливерпул, чии играчи со неколку кратки додавања ја нокаутираа целата одбрана на Јунајтед.

Мане на крајот му асистираше на Салах кој рутински го совлада Де Хеа.

Можеби беше акција на сезоната, а реакцијата на Џејмс Милнер на клупата за фудбалери најдобро ја опиша акцијата и како изгледаше во живо.

До крајот на натпреварот наместо Фабињо во игра влезе Милнер во 86. минута, а Салах го постигна вториот гол на натпреварот за конечни 4:0 минута претходно.

Ливерпул ноќта ја мина на лидерската позиција, а можеби и ќе остане таму во зависност од резултатите на вечерашниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Брајтон.