Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал го претстави новиот голман

Украинскиот голман Андриј Лунин денеска беше претставен на Сантијаго Бернабеу.

Деветнаесет-годишниот голман минатата сезона бранеше на 29 натпревари во украинската лига за тимот на  Зорија, а наредната сезона ќе биде дел од големото фудбалско семејство во Мадрид.

По Алваро Одриозола и Виникус Џуниор, дојде време во друштво на претседателот Флорентино Перез, пред новинарите да застане и младиот Лунин.

Тој се смета за голема голманска потенцијалност, но бидејќи е само 19. години, не е познато што планира Реал со него. Многу е веројатно дека тој или ќе оди на заем или ќе биде дел од младиот тим на кралскиот клуб.

Покрај Лунин, во првиот тим на Реал Мадрид се уште го има Кејлот Навас, Кико Касиља и Лука Зидан, а се чини дека наскоро ќе дојде и Тибо Куртоа, па Украинецот ќе мора да најде клуб во кој ќе биде на позајмица.

Но, не постои сомнеж дека, како што и самиот истакна, со доаѓањето во Реал му се остварува сонот и ќе имаат можност да стане еден од најдобрите голмани, но исто така и да заработи многу пари.