Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Речиси невозможно е да се даде гол од пенал кога брани Облак

Атлетико Мадрид го победи Гетафе со 1-0 како гостин, а голманот на Мадрид, Јан Облак беше херој на овој натпревар.

Јан Облак одбрани седум од последните 12 пенали. Ова значи дека повеќето ги одбрани (7) отколку што го прими (5) за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања оваа сезона.

Во 37. коло од шпанската Ла Лига, Атлетико го порази Гетафе со 1:0, додека словенечкиот голман го одбрани пеналот на Фајкал Фајир во 77. минута. Облак после одличната интервенција успеа да ја фати топката и да ги спречи фудбалерите на Гетафе да ја турнат топката во голот.

Откако пристигнал во Атлетико Мадрид, словенечкиот голман има 58 отсто успешно одбранети пенали, што е навистина импресивно.

https://twitter.com/Sampaolismo/status/995369077400129536