Фудбал
ВИДЕО: Рома се враќа во игра за Европа
Екипата на Рома со минимални 1:0 славеше во пресметката со Болоња. Ова е претпоследниот меч од ова коло, вечерва уште се игра песметката помеѓу Фиорентина и Аталанта. Стрелец на единствениот гол беше Борха Мајорал во 44-та минута. Иако тимот на Синиша Михајловиќ имаше неколку обиди да го возврати ударот, сепак не успеа да постигне гол.
Со овие три бодови Рома собра 54, па им се доближи на Лацио и Наполи на позициите кои носат излез на европската сцена, поточно Лига Европа.