Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рома со изненадување за најстарите фанови во овие тешки времиња

Италијанскиот тим Рома направи хуманитарен потег и изненадување за нивните најстари фанови во овие тешки времиња, кога цела Италија практично е во самоизолација.

Членови на клубот подготвија пакети со храна и најосновни потреби, секако со клупски обележја, шалови и дресови и тоа за нивните фанови кои имаат над 75 години и секако кои се најпогодени со смртоносниот вирус.