Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Рома со смешно видео се побуни: Поради ова треба Вар во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Рома смета дека се тешко оштетени во вториот натпревар во полуфиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул (4:2), и дека судските грешки се една од причините зошто „Волчицата“ не се пласира во финалето на елитното натпреварување.

Иако по натпреварот беа вознемирени во таборот на Рома, тие мораа да се помират со одлуката, а сега одлучија да ги свртат работите на шега.

Имено, тие направија монтирано видео кое го поставија на Твитер преку кое му испратија јасна порака на УЕФА за тоа што мислат за судските одлуките на тој натпревар.

„Ова е причината зошто има потреба од ВАР во Лига на шампиони”, се вели во англиската верзија на Твитер на Рома, а ова објава ги насмеја сите фанови на фудбалот.

Да се ​​потсетиме, Ливерпул победи во првиот натпревар против Рома со 5:2, а со вкупен резултат од 7: 6 обезбеди дуел со Реал во финалето на Лигата на шампионите. Римјаните не беа задоволни од епилогот, верувајќи дека се оштетени за два пенали во вториот натпревар, но тоа не го промени исходот од полуфиналниот натпревар.