Фудбал
ВИДЕО: Се сеќавате на Фелаини? Само што го постигна хет-трик во рок од 8 минути
Маруан Фелаини дефинитивно ужива во фудбалот во Кина, одраз на ова е неговиот невиден и крајно импресивен хет-трик во првиот натпревар на неговиот тим по пандемијата.
Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фелаини му помогна на Шандонг Луненг да го совлада Далијан Про на Рафа Бенитез со 3:2 во првиот натпревар по враќањето на фудбалот во Кина по пандемијата „Ковид-19“.
Покрај тоа што ги постигна сите голови за својот тим, Белгиецот го постигна ова на посебен начин.
Тој стрелаше трипати со глава, во рок од осум минути, односно во 79., 83. и 86. минута од натпреварот.
Ова беше совршен начин Фелаини да се врати на теренот откако во март го победи коронавирусот.