Фудбал
ВИДЕО: Се запали автобусот на Црвена Звезда
Автобусот што ги транспортирал играчите на Црвена Звезда од стадионот на Рајко Митиќ до храмот Св. Сава во Белград, каде навивачите продолжија да ја слават шампионската титулата, се запали на патот кон Автокоманда. Играчите излегоа од автобусот кој почна да гори во кружниот тек на Автокоманда и раскрсницата кон автопатот и јужниот булевар.
Како што дознава N1, немаше повреди во пожарот, а пожарникарите го изгасиаја огнот за неколку минути откако излегоа на терен. Причината за пожарот не е позната, а полицијата ќе спроведе истрага. Еден од бројните факели што горе на автобусот е можна причина за пожарот.
Во отворениот туристички автобус во кој беа фудбалерите тие во текот на возењето држеле запалени бакли, пишуваат српските медиуми.
Фудбалерите на Црвена Звезда по натпреварот и прославата на стадионот „Рајко Митиќ“ излегоа надвор и беа пратени од над илјада навивачи кои заедно се упатија кон храмот Свети Сава.