Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шестолигаш елиминираше третолигаш во ФА Купот, а потоа во соблекувалната „грмеше“ хитот од Адел

Фудбалерите на англискиот нисколигаш Чорли, ја минаа третата рунда од ФА Купот, па одлучија тој успех, на кој никој не се надеваше, да го прослават бурно. Сите се собраа во соблекувалната и ја отпеаја емотивната балада од Адел, што секако за прв пат се гледа на фудбалските терени.

Поради победата над третолигашот Питерборо ечеше баладата „Someone Like You“ хитот на Адел од 2011-та година. Овој шестолигаш ја присвои баладата како клупска химна.