Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шпалир за Барселона, но не како почит, туку како провокација

Барселона, заедно со Реал Мадрид и Јувентус е клубот за кој најмногу се зборува во последните денови. Повеќекраниот првак на Европа се уште официјално не ја напуштил Суперлигата, а Жоан Лапорта неодамна изјави дека таквото натпреварување во блиска иднина е неопходно.

Со оглед на тоа дека клубовите кои ја потпишаа таа иницијатива ги нарекуваат „12-те одметници“, веќе е јасно дека на следните мечеви тие ќе доживуваат непријатност. Тоа во четвртокот го почувствува Барселона. Пред самиот почеток играчите на Хетафе на Каталонците им приредија шпалир. Формалниот повод е неодамнешното освојување на Купот на Кралот, но во позадина се крие провокација. Имено, играчите на Хетафе носеа маички на кои беше испишано (Генатело/Еарн ит) на англиски и на шпански, што во превод значи дека треба да се заслужи. Ова се однесуваше на потписот на Барселона за суперлигата.