Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Скандал во Португалија – Навивачи на Англија фрлаа шишиња кон полицијата

Познато е дека навивачите на Англија се озлогласени каде и да се појават поради инцидентите кои ги предизвикуваат, а тие уште една се потрудиа да ја оправдаат таквата слика.

Во Португлаија е во тек завршниот турнир од Лигата на нации на кој учествуваат и Англичаните, а нивните навивачи на улиците низ Гимараеш направиа голем инцидент.

Колку далеку можат да одат навивачите на Англија сведочи тоа што фрлаа шишиња по полицијата која брзо реагираше и тргна да ги приведе провокаторите.

Немилите сцени траеја неколку минути, а после тоа улиците на Гимараеш беа покриени со ѓубре, камења и уште многу работи кои даваа впечаток како да се водеше војна.

За жал, Англичаните се познати по ваквите испади, па затоа се непожелни во повеќето европски земји кои „нервозно“ ги очекуваат навивачите.