Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Скандалозен фантомски гол во Црна Гора

Неверојатна ситуација го одбележа натпреварот од фудбалскиот шампионат на Црна Гора помеѓу Јединство и Дечиќ.

Натпреварот во Биело Поле, како што пренесуваат медиумите во земјава, ја одбележа најскандалозната судиска одлука. Судиите дозволија фантомски гол.

Во 40. минута играчот на Дечиќ Ренаго Аугусто шутираше со глава, а голманот на Јединство ја зафати топката пред гол-линијата.

Меѓутоа, главниот судија, на асистенција од помошникот, сигнализира дека се работи за гол и дека топката влегла во голот со полн обем.

Во црногорскиот фудбал нема технологија за гол-линијата, а нема ниту ВАР, па домашните мораа да ја прифатат скандалозната одлука на судијата, кој и покрај протестите покажа на центарот.

https://x.com/cgsportme/status/1835000871001694566

Сепак, Јединство успеа да израмни со голот на Армин Бошњак во судиското продолжение од натпреварот и со тоа да избегне пораз.