Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Скандалозна снимка од хотелската соба на Нејмар – „Ќе те удрам, затоа што ме претепа“

Најскапиот фудбалер на светот Нејмар кој е обвинет за силување го одигра натпреварот за бразилската репрезентација и заработи нова повреда, а сега се појави и снимка од хотелската соба која не му оди во прилог.

Откако кажа дека се работи за уцена, дека манекенката Нажил Тринидад го уценува, на интернет кружи снимка од тепачката.

Најпрво легнаа на кревет разговараа, но набрзо потоа дошло до конфликт, а Нажил прва го нападна, а играчот на ПСЖ се одбрани и и’ возврати.

„Ќе те удрам, ти знаеш зошто. Затоа што ме претепа!“, викаше манекенката, а потоа Нејмар стана и видеото се прекина.

Поради таа причина јавноста остана не известена за целата работа, а наводно полицијата ја има целата снимка и навистина брзо го разрешија случајот.

Откако оваа приказна ја потресе светската јавност, Нејмар ги објави голите фотографии оф Тринидад.

По законите во земјата на самбата и кафето, злочин е објавување, делење, продажба и дистрибуција на слики или видео снимка која содржи сексуална содржина, па доколку тоа се докаже, фудбалерот на ПСЖ ќе се најде во поголем проблем покрај оној каде го обвинуваат за силување.