Тајмаут
ВИДЕО: „Случајно“ објавен гејмплеј – Погледнете како ќе изгледа новата ФИФА!
Ако сте фан на ЕА Спорт и ФИФА, тогаш можете да го “потрошите вашето време” и да видите како ќе изгледа ФИФА 19.
ФИФА 19 ќе биде во продажба од 28 септември и ако ја нарачате пред тој датум, тогаш ќе ја добиете три дена порано, која ќе има лиценцирана УЕФА Лига на Шампиони, што е и најголемата новина во ФИФА.
Иако некои веќе имаа можност да се обидат да ја играат новата ФИФА, не ги почитуваа правилата на EA Sports и веќе ја ставија тестираната верзија на Youtube.
Играта беше одиграна помеѓу Јунајтед и Сити, но во гејмплејот се користеше натпревар од Лига Европа, иако двата тима следната сезона ќе бидат во Лигата на шампиони.