Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Со маски, без собирачи на топки и публика, прв тениски меч во време на коронавирус

Се одржа првиот професионален тениски меч во време на коронавирус и тоа во Германија. Јаник Ханфман и Дастин Браун се највисоко рангираните професионалци што се пријавиле за награден фонд од 25.000 американски долари. Ханфман, 143. во индивидуалниот пласман на АТП, во  дуелот победи со 4: 3 (7: 4), 4: 0.

Сетовите се скратени, нема собирачи на топки, на теренот само играчите и судијата. Германската тениска федерација планира да организира серија на слични турнири почнувајќи од јуни со по 32 тенисери и  24 тенисери.