Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Спектакуларен дочек на европскиот шампион во Ливерпул

Ливерпул вчера во Мадрид го совлада Тотенхем со 2:0 и ја освои Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Ливерпул дојдоа до шестиот трофеј сосема заслужено, а по големото славење во Мадрид, дојде и време да се слави и на улиците во Ливерпул.

Огромен број на навивачи ги пречекаа фудбалерите и стручниот штаб на „Редсите“. Организирана е победничка парада и автобус со отворен кров од кој шампионите на Европа ги поздравија фановите.