Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Страотни снимки од „Емирати“, се судрија Луис и Хименес, вториот изнесен со носилка

Арсенал и Вулверхемптон во овие моменти го играат својот меѓусебен дуел од 10.коло. Водат гостите со 2:1. Сепак, резултатот е во втор план по повредата на Хименес кој во 15-та минута мораше со носилка да го напушти теренот.

Имено, тој заработи тешка повреда на главата по судирот со Давид Луиз. При корнерот за Арсенал, Давид Луиз налета на Хименес, а при ударот со глава, двајцата паднаа како покосени. Вториот мораше да ја напушти играта, додека дефанзивецот на Арсенал остана на теренот.