Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Страшната несреќа на тест возењето го испрати Шпанецот во болница

Возачот на моторцикли Тито Рабат доживеа ужасна несреќа на тренингот во Каталонија.

Шпанскиот мотоциклист ја изгубил контролата над неговото Дукати и полетал од патеката, а мотоциклот завршил во пламен и беше целосно уништен.

Рабат беше итно префрлен во болница. За среќа, тој помина без големи повреди, но има болка во левата рака.

Меѓутоа, во меѓувреме, тој планира да се натпреварува овој викенд за Големата награда на Италија во Муџело. Не сака да се откаже од натпреварувањето и ќе биде интересно да се види дали на крајот ќе се појави на патеката.

Тито Рабат е моментално на 11-то место во шампионатот на Мото ГП, а постигна вкупно 24 поени.