Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Судијата кој го досудил смешниот прнал во Србија доби 30 – дневен притвор

Срѓан Обрадовиќ, судијата кој ја делеше “правдата” на натпреварот од српската Суперлига помеѓу Спартак од Суботица и Радички од Ниш, доби 30 дена притвор.

На ден по натпреварот Обрадовиќ беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службената положба, но по сослушувањето судијата му одредил 30 дневен притвор по препорака на специјалниот оддел за борба против корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Обрадовиќ присуствуваше на сослушувањето со неговите тројца адвокати, а неговиот притвор беше одреден поради страв од влијание врз сведоците и понатамошната истрага. Како што пренесува српскиот портал Novosti.rs, овој судија на сослушувањето го негирал обвинението дека тој го фаворизирал тимот на Спартак, а во полициската изјава рече дека пеналот бил случајно доделена, односно дека случајно направил грешка.

Моментално тој се наоѓа во Окружниот затвор на Клиша. На видео снимката уште еднаш можете да го погледнете скандалозниот пенал, досуден од Обрадовиќ за домашниот тим пред три дена.