Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Тајсон и 50 Сент му фаќаат сеир на Мекгрегор по поразот

Кога Мајк Тајсон ќе искоментира дека борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов е полуда дури и од неговата, а тој му го одгриза увото на Ивандер Холифилд, тогаш јасно е дека во Лас Вегас имаше спектакл.

Познатите личности постојано „твитаа“ за случувањата на УФЦ 229, а меѓу нив беа и поранешниот светски првак во бокс Мајк Тајсон, но и познатиот рапер 50 Сент.

„Ја гледам борбата помеѓу Мекгрегор и Нурмагомедов. Неверојатно, никогаш не мислев дека ќе заврши вака. Ова е полудо дури и од мојата борба“, напиша Тајсон на „Твитер“.