Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Тешки се солзите на големиот Мајкл Џордан

Во светот на спортот, кога нема натпревари, во центарот на вниманието во изминатите неколку денови е легендарниот Мајкл Џордан, или поточно речено документарниот серијал за неговата кариера. Емитувани се седмата и осмата епизода, а има многу настани и случки кои јавноста не ги знаела, а кои се интересни.

Имало и тепачки кои ги предизвикал токму тој, поради начинот на кој барал да се мотивираат играчите и да работат на тренинзите. Тој дел од неговиот живот сигурно е многу емотивен за него, бидејќи кога раскажуваше се заплака.