Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тевез не се поздрави со неговиот нај омразен ривал

Напаѓачот на Бока Јуниорс, Карлос Тевез одби да се ракува со колумбискиот фудбалер Теофило Гутиерез пред натпреварот помеѓу Бока Јуниорс и Атлетико Јуниор.

Пред почетокот на натпреварот фудбалерите на Бока Јуниорс тргнаа, како и на секој натпревар, да се поздрават со противничкиот тим, но Тевез одби да се поздрави со капитенот на гостите Тео Гутиерез.

Причината е доста едноставна. Колумбиецот го навреди Тевез во 2016 година додека играше за Росарио Централ и по погодокот на Бонбонера го прослави голот пред навивачите на Бока, покажувајќи љубов кон нивниот голем ривал Ривер Плата.

По оваа прослава, Тевез и Гутиерес се скараа и двајцата беа исклучени од тој дует.

Тоа Тевез никогаш не му го заборавил. Тој одлучи да не го поздрави во овој натпревар, и сигурно нема да добие рака од него во следните средби на Атлетико и Бока.