Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Трагична ноќ за несреќниот Венути: Никој не можеше да го утеши по автогол за паметење

Фиорентина доминираше вечерва против Јувентус во полуфиналето на Купот на Италија, но пред полните трибини на Артемио Франки беше поразен со 1:0.

Фудбалерите на Фиорентина промашија се што можеа, а казната за промашувањата дојде во судиското надополнување на натпреварот на најболен можен начин.

Нафрлување од десната страна го погоди Лоренцо Венути и завршува во мрежата за победа на Јувентус.

Несреќниот дефанзивец на домашниот тим не можеше да поверува што му се случи. Тој беше неутешен откако ја виде топката во мрежата и заплака на теренот.

Апсолутно сите се обидоа да му дадат утешни зборови, меѓу нив и Душан Влаховиќ, но човекот едноставно не можеше да се смири.

Вечерва сигурно му е најтешко, но има и реванш. Јувентус не е непобедлив, но Фиорентина ќе мора да победи со два гола разлика во Торино бидејќи во ова натпреварување се уште важи правилото за гол на гости.