Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Тренерот на Вардар за иднината на клубот, македонско-странски тим конкурентен во Европа

Специјализираниот интернет портал за ракомет „Balkan-Handball“ направи општирно интервју со тренерот на Вардар, Стевче Алушовски кој ги откри плановите или надежите откако стана јасно дека од почетокот на месец јуни Михајловски го презема спонзорирањето.

Како што вели тој, единствениот кој најавил заминување без разлика на новите случувања е Скубе. Останатите имаат време да размислат што ќе прават. Алушовски вели дека неговата цел е да се направи македонско-странски тим, кој секако би бил респектибилен во Европа.

Додава дека буџетот нема да биде како со Самсонеко.

-Имаше состанок и играчите добија информација за плановите на Михајловски и за буџетот за следната сезона. Тој нема да биде како до сега, па затоа сите ќе имаат можност да размислат. Скубе  најави заминување со другите ќе се разговара. Тука се Дисингер, Дибиров, Чупиќ, Стоилов…Борко останува сигурно, со нас ќе биде и Мишевски, ќе видиме дали ќе успееме да го доведеме Никола Митревски кој е моја желба и мислам дека се уште не е договорен со Порто. Мојата визија е да изградиме еден македонско-странски тим и клубот да остане респектабилен на евро сцената, вели Алушовски.

Целото интервју во видеото подолу: